Ракометната Федерација на Македонија објави дека сениорската машка селекција во недела (11.05.2025 г.), со почеток во 18 часот во Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2026 против селекцијата на Литванија.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува во петок на 02.05.2025 година во 12 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажните цени на влезниците за натпреварот се 200 и 300 денари.
Продажна мрежа – МК Тикетс
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Diamond Mall
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• ЛитератураМК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари
Штип:
• Сити Тобако