Ракометниот меч помеѓу Партизан и АЕК не се одигра: Грците се исплашија за својата безбедност и ја напуштија салата (Видео)

Четвртфиналниот меч од ракометниот Европски куп помеѓу Партизан и АЕК, кој требаше да се одигра во Белград во неделата, воопшто и не започна, па последниот полуфиналист на натпреварувањето во кое нашиот Алкалоид веќе е помеѓу најдобрите четири екипи, ќе биде одлучен на зелена маса.

АЕК победи со 27-22 на првиот меч, а од Партизан обвинија дека биле физички нападнати, па во салата во Белград пред почетокот на реваншот одекнуваа топовски удари, кои беа фрлени на паркетот. Тоа ги исплаши Грците кои се повлекое од теренот и одбија да го одиграат мечот, па сега се чека одлуката на ЕХФ.

Инцидент имаше и пред салата. На видео објавено на социјалните мрежи може да се забележи дека на голманот на Фудбалскиот клуб Партизан и репрезентативец на Србија, Александар Јовановиќ, не му беше дозволен влез во салата, па дојде до ескалација на ситуацијата помеѓу него и полицијата, а во еден момент голманот се најде и на подот.

Јовановиќ веднаш пријавил во полициска станица дека врз него била употребена прекумерна сила, а во соопштението на МВР на Србија беше наведено дека случката ќе биде испитана од внатрешната контрола.

- Оглас -

Најнови вести