Ракометниот првак Еурофарм Пелистер ги испочитува седумтемина кои си одат од клубот

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се раздели со седуммина ракомери кои заминуваат откако им истекоа договорите и на седумтемина им беа доделени подароци.

Клубот го напуштаат: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.

„Клубот им посакува успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и на градот Битола секогаш ќе бидат отворени за нив“, порачаа битолчани.

Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, шампионот на Македонија ја заврши сезоната 2023/24. Се обратија претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски.

Следната ваква средба закажана е за крајот на август, при претставувањето на екипата за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести