23.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Ракометните квалификации за ОИ завршија без никакви изненадувања

Познати се сите 12 репрезентации кои ќе настапат на машкиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Париз ова лето. Ова стана јасно откако синоќа завршија трите квалификациски турнири кои ги дадоа и последните учесници.

Од првата група на ЛОИ пласман обезбедија Шпанија и Словенија, кои немаа проблеми во конкуренција на Бразил и Бахреин. Во втората група Хрватска и Германија дојдоа до билет за Олимпијадата, а од третата група пласман обезбедија Норвешка и Унгарија.

Од претходно на Олимписките игри билет имаа резервирано домаќинот Франција, светскиот шампион Данска, третопласираната селекција од Европското првенство, Шведска, која на континенталниот собир заврши токму зад Франција и Данска. Надвор од Европа само три репрезентации дојдоа до билет за Олимпијада. Тоа се победникот од азиските квалификации, Јапонија, шампионот на Африка, Египет, како и победникот на Панамериканските игри, Арентина.

- Оглас -

Најнови вести