Шведска – Шпанија и Германија – Данска се полуфиналните двојки на Светското првенство за ракометари до 19 години кое се одржува во Египет, а вчера во четвртфиналето беше поставен рекорд според посетата на меч на јуниорско СП.
Дуелот на Египет и Шпанија од трибините во Каиро го следеа дури 22.150 гледачи, што е неверојатна бројка. Домашната селекција загуби, па тешко дека во полуфиналето или финалето ќе има повеќе публика, а овој рекорд веројатно уште долго ќе трае.