Вардар победи во Германија и заврши како прв во групата од Европската лига на ЕХФ

Вардар победи со 34:25 на гости кај Мелсунген во последниот меч од групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Со овој триумф Вардар го освои првото место во групата и обезбеди директен пласман во четвртфиналето, што беше и првична замисла на Црвено-црните.

Германскиот тим прв постигна гол на денешниот меч, но потоа Вардар заигра цврсто во одбраната, а во нападот погодуваше, па во деветтата минута македонскиот тим водеше со 6:1. Тоа беше знак тренерот на германскиот тим, Парондо, да побара тајмаут. Потоа германскиот тим влезе во серија и во 17-тата минута домаќините намалија само на еден разлика (7:8).

Сепак, тоа не ги збуни Вардарци, па македонскиот преставник постигна три гола по ред и ја врати предноста на четири разлика (11:7), а во финишот на првиот дел гостите првпат поведоа со пет разлика и на одмор заминаа со водство од 17:12.

Во Во второто полувреме Вардар започна уште посилно, па многу брзо стигна до 20:12 и потоа во текот на целото полувреме гостите рутински ја чуваа високата предност и на крајот стигнаа до посакуваната победа.

Со оваа победа Вардар го освои првото место во групата со осум бода пред Мелсунген, кој има шест бода, додека третото место го освои Бенфика со четири бода. Екипата на Кристенштад заврши на последното место во групата со четири бода.

Во четвртфиналето Вардар ќе го чека подобриот од осминафинална пресметка меѓу Фленсбург и Скандерборг.

- Оглас -

Најнови вести