4.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Раководството на Ливерпул има ултиматум за Слот: Девет бода или отказ!

Ливерпул игра катастрофална сезона и веќе има девет порази оваа сезона, од кои шест се во Премиер лигата. Поразот од 1-4 на домашен терен од ПСВ значеше и итен состанок на раководството на клубот со холандскиот тренер, Арне Слот, чие столче сериозно се тресе, но сè уште ја има довербата на челниците на клубот од Енфилд.

Слот на состанокот ја добил довербата, но добил и ултиматум – девет бода од следните три првенствени меча или отказ. Ливерпул викендов игра на гости кај Вест хем, па во среда го пречекува Сандерленд, а следниот викенд гостува кај Лидс.

Во меѓувреме, раководството на Ливерпул веќе остварило контакт со Јирген Клоп и му понудило да се врати во клубот како привремено решение, без да презема долгорочна обврска. Сепак, најверојатно следувало одбивање и препорака за иден тренер да го ангажираат селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман.

 

- Оглас -

Најнови вести