Рамос: Ако можеше Канаваро во 2006 да ја освои Златната топка, може и тој сега

Додека Кристијано Роналдо беше во Реал Мадрид, Португалецот имаше загарантирана поддршка од својот тогашен соиграч Серхио Рамос. Како капитен на Шпанија, Рамос даваше гласови во изборот за Златната топка. Многу очигледно е дека по заминувањето на Роналдо од Реал, за Рамос веќе Португалецот не е најдобар во светот.

Според Рамос, престижната награда заслужува да заврши во рацете на дефанзивец, а тоа во овој случај е Вирџил ван Дајк. Одбранбениот играч на Ливерпул веќе е прогласен за најдобар во изборот на УЕФА.

„Ако можеше Фабио Канаваро во 2006 година да ја освои наградата, зошто да не може сега и Ван Дајк? Имаше сјајна сезона. Обично, кога се работи за оваа награда, сите зборуваат за Роналдо и Меси, но ќе биде убаво ако ја освои и некој друг играч освен нив. Ако победи Ван Дајк, ќе му честитам“, рече Рамос, кој запрашан дали Роналдо е најдобриот играч со кој играл не сакаше да даде конкретен одговор.

„Тешко прашање. Играв со толку многу добри фудбалери. Роналдо секако е еден од најдобрите, како во Реал, така и во фубдалот воопшто. Не смееме да ги заборавиме бразилскиот Роналдо, Роберто Карлос, Икер Касилјас, Раул..“, додаде капитенот на Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести