Рамос ги искара медиумите: Не почитувате трофеен играч и тренер како Зидан

Серхио Рамос ги искара шпанските медиуми и изјави дека не го почитуваат ниту Реал Мадрид ниту Зинедин Зидан со постојаното објавување на шпекулации за негова смена.

„Постојаните шпекулации се на штета, пред сè, на Зидан. Ние и покрај малата криза, покажавме дека сме со него и ја има поддршката од фудбалерите. Но, да се пишува дека ќе биде сменет и тоа по секое коло или настап е лошо и значи нереспектирање на трофеен играч и тренер каков што е Зизу“, изјави Рамос.

Реал Мадрид игра слабо од почетокот на сезоната, а капак на сè беше дебаклот во Париз и поразот од 0:3 против ПСЖ. Малку се извадија со триумфот во Севилја вчера со 1:0 и по пет кола ја делат лидерската позиција во Ла Лига со 11 бодови, колку што има и Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести