Серхио Рамос оваа 2018 година ќе ја памети по тоа што како капитен на Реал Мадрид, прв го крена шампионскиот пехар од Лигата на шампионите, но и по тоа што не доби ниту еден црвен картон. Ова е подвиг за 32-годишниот дефанзивец на Реал и „црвената фурија“, ако се знае дека не е омилен кај судиите.
Рамос е играчот со најмногу црвени картони во историјата на шпанската лига, а во дресот на Шпанија, уште е на нула црвени картони. Во ЛШ, тој има три црвени картони, а рекордери се Златан Ибрахимовиќ и Едгар Давидс со по четири.
Во 16-годишната професионална кариера, Рамос дури 24 пати бил исклучен (има и 173 жолти картони). Од тоа, 19 пати се во домашното првенство, трипати во ЛП, и двапати во шпанскиот куп. Но, во оваа 2018-та година која изминува тој заврши без црвен картон. Ваков подвиг, има направено само уште во 2011 и 2015 година.
Од друга страна, во 2013 година доби дури четири црвени картони, а во 2005, 2008 и 2017, заработи по три исклучувања.