Рамос на свадба повика играчи на Барселона, за Роналдо нема место

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, ги продолжува подготовките за свадбата. Околу 500 гости се поканети на веселбата, а интересно е што на списокот нема место за Кристијано Роналдо. Рамос и Роналдо беа соиграчи во Реал цели девет сезони и беа клучните играчи за многу победи и освоени трофеи.

Роналдо минатото лето си замина од Реал и направи трансфер во Јувентус, а Португалецот многу брзо беше заборавен во Реал. Кристијано дури не доби ни пристојно испраќање, како што добиваа играчи кои ни 5 отсто не влијаеле за освојување на трофеите на Реал во изминатава декада. Сега и Рамос реши да го изостави од спосокот на гости за свадбата.

За разлика од Роналдо, Рамос повика тројца играчи на Барселона, а тоа се соиграчите од репрезентацијата Жерар Пике, Жорди Алба и Серхио Бускетс. На свадбата ќе бидат и Дејвид Бекам со сопругата Викторија, како и многу други познати личности.

Рамос и неговата идна жена Пилар Рубио веќе длги години се заедно и веќе имаат три деца.

- Оглас -

Најнови вести