Големиот скандал кој го тресе шпанскиот фудбал сè уште е главна тема во тамошните медиуми. Претседателот на РФЕФ, Хосе Рубијалес, е суспендиран од страна на УЕФА додека трае истрагата, а фудбалерката Џени Ермосо и официјално поднесе тужба до шпанските власти за сексуално вознемирување од страна на претседателот на Сојузот.
На претставувањето во Севиља, свој коментар имаше и легендарниот Серхио Рамос.
„Неговото однесување е неприфатливо. Наместо да зборуваме за него, треба да ја искористиме приликата и да им честитаме на девојките бидејќи станаа светски шампиони. На фудбалот му требаат луѓе какви што навистина заслужува“, рече Рамос.