Рамос побарал да си замине од Реал за да игра во Кина

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ и тоа поради една неверојатна причина. Дефанзивецот има понуди да замине во Кина и тој е решен да игра на далечнит Исток, тврди „Фудбал Шпанија“.

Рамос кој има 33 години, речиси една и пол деценија е заштитен знак на Реал Мадрид. Откако во 2005 година направи трансфер од Севилја, одигра вкупно 606 натпревари, постигна 84 погодоци, а четири пати го креваше трофејот во Лигата на шампиони. Одлуката дека сака да си оди од Мадрид му ја соопштил и на претседателот на Реал, Флорентино Перес.

Актуелниот договор на Рамос со најтрофејниот шпански клуб е до јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести