8.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Рамос со гол во 94-тата минута го спаси ПСЖ од нов кикс во француското првенство (Видео)

Екипата на ПСЖ многу потешко од очекуваното дојде до минимална победа од 1-0 над Ница во 11-тото коло од француската Лига 1. По ремито против Лориен минатото коло, „светците“ беа на чекор од нов кикс и можност да ја испуштат и лидерската позиција на табелата, но Гончало Рамос со гол во 94-тата минута ја донесе победата.

Беа покажани четири минути продолжение, а ПСЖ имаше корнер, што веројатно беше и последна можност за гол на мечот. „Светците“ упатија вкупно 28 удари кон противничкиот гол, но дури последниот беше среќен и донесе три бода за избраниците на Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести