Кристијано Роналдо не беше во стартниот состав на Јувентус, но откако на гостувањето кај Удинезе се виде дека нема да биде лесно да се победи, Португалецот влезе во игра во 60-тата минута. Удинезе стигна до 2:2, а Јувентус тргна во напад да стигне до трет гол.
Се играше судиското надополнување кога Кијеза нафрли, а Роналдо со глава даде гол. Гостите почнаа да се радуваат, Роналдо дури и го соблече дресот, за што доби жолт картон, а потоа се јавија судиите од ВАР-собата. По прегледување на повторената ситуација и направената компјутерска проверка, беше утврдено дека Роналдо со рамото бил во офсајд и Јувентус остана без победа.