Арсенал води со 1-0 на полувремето против Њукасл во последниот меч од 32-рото коло на Премиер лигата. Радост за домашните навивачи на „Емирати“ донесе Арон Ремзи. Велшанецот погоди во 30-тата минута, а тоа може да уплаши многу познати светски фаци.
Во изминативе години, Ремзи се промовираше во фудбалер кој кога ќе постигне погодок, како да најавува смрт на некоја славна личност. Митот за „проклетството“ започна во 2011 година, кога Велшанецот даде гол во дербито против Манчестер јунајтед, а следниот ден умре Осама бин Ладен. Потоа се редеа случаите кога Ремзи ќе дадеше гол, а многу брзо умираа: Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер, Робин Вилијамс, Алан Рикам, Дејвид Боуви, Барт Рејнолдс, Милош Форман, Стивен Хокинг. Последен во низата е смртта на англискиот фронтмен на познатата група „Продиџи“, Кит Флинт, речиси пред еден месец.