Мапата на Италија е една од најлесните за цртање кога се државите во прашање. Најголемата држава на Апенинскиот Полуостров има облик на чизма со потпетица и затоа многумина му се смеат на Арон Ремзи кога се обиде да ја нацрта мапата на Италија и тоа го направи многу неуспешно.
Тоа што го нацрта Велшанецот, кој ќе игра за Јувентус, не е ниту приближно точно, но дека има барем малку чувство за географија, покажа со тоа што погоди дека Торино е во северниот дел на земјата.
Новиот член на Јуве допрва ќе треба да научи некои основни работи за Италија, а како изгледаше целиот квиз за Ремзи и прашањата во врска со Италија, погледнете во видеото кое го објави клубот:
https://twitter.com/juventusfcen/status/1155538803148369922