Иако првично беше договорена соработка меѓу Милан и директорот на Лајпциг Ралф Ранкник, околу преземање на клупата на Росонерите во новата сезона. Сепак, со текот на настаните се сменија работите, Серија А како и останатите фудбалски првенства во Европа се прекинати поради пандемијата со Коронавирусот, па Рангник се предомисли и се повлече од тој претдоговор.
Како и да е, Милан дефинитивно ќе бара нов предводник, односно нема да му ја довери довербата на сегашниот тренер Стефано Пиоли. Нов прв кандидат за клупата на седумкратниот европски првак е поранешниот тренер на Интер, Лучијано Спалети. Спалети со градскиот ривал на Милан во две сезони успеа само да обезбеди пласмани во Лигата на шампионите, но не и да го претвори тимот во конкурент за Скудетото, по што беше разрешен од функцијата и му го отстапи местото на Антонио Конте.
Сега екстренерот на Рома и Зенит добива нова шанса да раководи со гигант од Милано, а во зависност од тоа кога, односно дали воопшто ќе се доврши прекинатата сезона и кога ќе почне новата, Спалети ќе може да седне на жешкото столче.