Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, се соочува со голем предизвик да го врати овој клуб на старите патеки.
Иако во моменто тоа не оди баш според очекуваното, германскиот стратег има време до крајот на сезоната да го импресионира раководството за продолжување на тренерскиот договор.
Како што е добро познато, првичната соработка е со времетраење од шест месеци како тренер, а во наредните две години тој треба да биде консултант и еден од главните луѓе за трансфери.
„Имавме голем број удари против Мидлсборо, но не успеавме да реализираме, нешто што секако ќе треба да го подобриме во наредните недели.
Во моментов сме на четвртото место во Премиер лигата и сите во тимот, вклучувајќи ме и мене, ќе бидеме среќни ако завршиме на оваа позиција на крајот од сезоната. Ако Манчестер јунајтед нема 10 години освоено титула во Премиер лигата, сигурно има добри причини за тоа“, изјави Рангник.
Манчестер јунајтед вечерва од 21 часот му гостува на Барнли во меч од 24-то коло во Премиер лигата.