Рангник: Стојам на тоа што го кажав, Австрија може да биде европски шампион

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот со Турција од осминафиналето на ЕП во фудбал, изјави дека сè уште верува дека неговата репрезентација ќе стигне до финалето на турнирот, а можеби и ќе биде шампион.

„На почетокот на првенството реков дека ќе стигнеме до финалето, па дури и дека ќе бидеме шампиони. Мислам дека тоа не е многу веројатно, но не мислам дека е ниту сосема невозможно. Сè уште верувам во тоа. Има само еден начин да се оди понатаму, а тоа е да се фокусираме на следниот натпревар, а потоа ќе видиме каде ќе нè однесе патот“, коментира тој.

„Ова е како ново првенство, мораме да се префрлиме на режим на плејоф. Фокусиран сум, грешките на ваков натпревар речиси е невозможно да се поправат. За нас ќе биде важно да имаме многу енергија и да бидеме на највисоко можно ниво. Ни требаат топли срца на теренот, но мора да се задржи и ладна глава“, истакна Рангник.

- Оглас -

Најнови вести