Шпекулациите дека е можно Кевин Дурант да се пензионира и да ја заврши кариерата ако не успее да си замине во некаков трејд од Бруклин нетс, се лажни, вели самиот кошаркар.
Дурант наводно попрво би престанал да игра кошарка отколку да продолжи да настапува за Мрежичките во НБА-лигата, но тој самиот изјави дека тоа не е точно.
„Гледам дека има луѓе што повеќе им веруваат на непознати и неименувани извори на информации отколку на мене, но морам да кажам дека ваквото ѓубре е веќе и комично. Јасно кажувам дека нема да се пензионирам во скоро време“, објави Дурант на социјалните мрежи.
I know most people will believe unnamed sources over me but if it’s anyone out there that’ll listen, I don’t plan on retiring anytime soon. Shit is comical at this point.
— Kevin Durant (@KDTrey5) August 15, 2022
Пред извесно време се појави информација дека популарниот Дурантула барал од сопственикот на клубот да ги отпушти генералниот менаџер Шон Маркс и тренерот Стив Неш, во спротивно тој би си заминал од Бруклин.
Засега сè уште нема заинтересиран клуб што би ги исполнил барањата на Дурант и би создал простор за евентуална трампа во која Кевин би си заминал од Бруклин.