Манчестер јунајтед одигра нов, разочарувачки меч, но со голот на Маркус Рашфорд во 93-та минута дојде до големи три бода против Вест Хем.
Иако натпреварот „мирисаше“ дека ќе заврши нерешено, домашните фудбалери не мислеа така и изведоа една одлична акција, каде што Единсон кавани му асистираше на стрелецот на голот за експлозија од радост на трибините.
Освен овој момент, целиот натпревар беше за заборав бидејќи немаше никакви вголеми возбудувања на теренот.
Со овој бод, тимот на Ралф Фангник има 38 бодови и е на четврттото место, додека токму Вест Хем сега падна на петтата позицииа со 37 бода.
Њукасл, пак, славеше голема победа на гостувањето кај Лидс со 1:0 откако Џонџо Шелви погоди во 75-та минута. Со ова, најбогатиот тим во светот има 15 бода и само еден помалку од позицијата која што обезбедува опстанок во елитата.
90+2 min – GOOOOOOOOOOLLLLLLLLLL DO MANCHESTER
⚽ Marcus Rashford
🅰️ Edinson Cavani#MUNWHU 1-0pic.twitter.com/h0hqFpWyvX— United Brasil 🔰 (@UnitedBrasil_) January 22, 2022
>