Дрон го прекина натпреварот меѓу Брентфорд и Вулверхемптон (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Брентфорд и Вулверхемптон е прекинат поради тоа што на над десеттина метри над теренот се појави дрон.

Очигледно, тој беше управуван од еден од навивачите, а главниот судија во 35-та минута одлучи да ги испрати фудбалерите во соблекувалните додека дронот не биде отстранет.

Ова потсетува на дуелот меѓу Србија и Албанија кога дрон со косовското знаме слета на теренот, но за среќа овој пат на дронот немаше ништо и не предизвика никакви инциденти.

- Оглас -

Најнови вести