За време на турнејата на Манчестер јунајтед во САД, Маркус Рашфорд имаше кратко интервју за клупската телевизија на Црвените ѓаволи, во кое откри дека посакува да освои големи трофеи со Јунајтед.
„Кога бев помлад, сакав да гледам и тенис, крикет, но потоа како созревате, ви се менуваат приоритетите. Прво сон ми беше да заиграм за Манчестер јунајтед, а потоа и да победувам со тимот и да освојувам трофеи. Уште сонувам за освојување на големи трофеи како Премиер лигата и Лигата на шампионите со Јунајтед, се надевам дека можеме да успееме во тоа“ изјави Рашфорд.