Маркус Рашфорд е дел од групата на Барселона за утрешното гостување кај Челзи во Лигата на шампионите. Англискиот крилен напаѓач го пропушти дуелот со Атлетик Билбао во саботата, бидејќи беше болен од грип и неколку дена не тренираше со тимот.
Од клубот информираа дека медицинскиот штаб на Каталонците дал зелено светло Рашфорд да патува со екипата во неговата татковина. Порано денес тој тренираше со полн интензитет, така што е на располагање на Ханси Флик.
Во групата се враќа и Френки де Јонг. Тој го пропушти натпреварот со Атлетик Билбао поради суспензија.
Алехандро Балде, кој беше заменет на полувремето од саботниот натпревар поради удар во главата, исто така ќе патува со тимот.
Педри, сепак, остана надвор од составот, иако имаше очекувања дека може да се врати за овој меч, откако се опоравуваше од повреда на бутниот мускул. Флик очигледно не сака да презема никакви ризици со неговото вклучување, па најверојатно Педри ќе се врати за натпреварот со Алавес кон крајот на неделата.

