Рашфорд во одбрано друштво со легендите на Манчестер јунајтед

Маркус Рашфорд стигна до значајно остварување во кариерата во победата на Манчестер јунајтед со 1-0 против Вест хем во ФА купот.

Само со 23 години и 101 ден, Рашфорд е четвртиот најмлад играч во историјата на Црвените ѓаволи кој запишал 250 настапи за екипата. Во оваа посебна категорија, пред англискиот офанзивец се само клупските легенди Норман Вајтсајд, Џорџ Бест и Рајан Гигс.

Репрезентативецот на Гордиот Албион во претходните 249 настапи за Јунајтед забележа учинок од 83 погодоци и 50 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести