Мектоминај го одведе Јунајтед во четвртфиналето на ФА купот (видео)

Манчестер јунајтед е вториот четвртфиналист во ФА купот по минималната остварена победа со 1-0 над Вест хем.

Во регуларните 90 минути Црвените ѓаволи не можеа да го најдат патот до голот на Фабијански, па Мектоминај во улога на џокер од клупата успеа да го реши мечот.

Во карактерисичен контранапад за домаќините, Мектоминај од втор план одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник и ефектно ја смести топката зад грбот на полскиот голман во 98-мата минута.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1359256287595307009

Претходно денес Борнмут се пласира во четвртфиналето со триумфот од 2-0 на гостувањето кај Барнли.

- Оглас -

Најнови вести