Олимпијакос претрпе шокантна елиминација по убедливиот пораз од 0-4 од Макаби Хаифа во возвратниот квалификациски меч од второто коло во ЛШ. Грчкиот гигант загуби пред своја публика, што е голем шок, па ќе се теши со квалификации во ЛЕ.
Израелскиот претставник апсолутно изненади по нерешените 1-1 од минатата недела. Распадот почна многу рано, Чери во петтата минута отвори за гостите, за по еден час игра Пјерот да изрежира свое шоу како двоен стрелец во четири минути.
Погодокот за 2-0 на Пјерот можете да го видите ТУКА.
Абу Фани во завршницата од дуелот ги постави конечните 4-0, па Макаби Хаифа во следната рунда ќе се сретне со Аполон.