Актуелниот египетски шампион Замалек одигра без победник (1:1) во 12-то коло во домашниот шампионат против Ел Даклех и веќе заостанува пет бода на табелата зад лидерот Ал Ахли, но во тимот е вистински распад систем.
Претседателот на клубот, Мортад Мансур се закани Замалек ќе истапи од лигата обвинувајќи ја Федерацијата дека го фаворизира нивниот голем ривал.
„Не сакаме повеќе да учествуваме во играта во која судиите заедно со Фудбалската федерација на Египет, го фаворизираат нашиот ривал и му ја подаруваат титулата“,изјави Мансур за египетските медиуми.
Но, тоа не е крај на лудилото во Замалек, Мансур порача дека експресно на трансфер листата ќе стави двајца фудбалери кои требало да настапат на вчерашниот натпревар, но не одбиле да играат. Причина за тоа е пред натпреварот пушеле марихуана.
„Ахмед Фотух и Абдалах Гома беа под влијание на марихуана и со тој потег го посрамија клубот. Кога дознаа дека пред мечот ќе има допинг тестови, одлучија дека нема да играат. Им реков дека кога ги добијам резултатите, тие веднаш ќе бидат ставени на трансфер листата“, рече Мансур.
Двајцата фудбалери се репрезентативци на Египет, а за маката на првиот човек на Замалек да биде поголема, Фотух сака да потпише за големиот ривал Ал Ахли.