Распродаден цел „Сантијаго Бернабеу“, ќе биде поставен нов рекорд на дуелот против Сити

Реал Мадрид ќе има огромна поддршка од трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на 9 април кога ќе гостува Манчестер сити во првата средба од четвртфиналето на Лигата на шампиони. Според најавите од Шпанија, распродаден е целиот стадион и се очекува да биде поставен нов рекорд по бројот на гледачи на реновираниот стадион во Мадрид.

По реновирањето, „Сантијаго Бернабеу“ имал најмногу 76.732 гледачи, а сега на мечот против Сити се очекува да има максимални 78.800 фанови. За домашните навивачи има резервирано 75.000 карти, а останатите 3.800 билети ќе бидат резервирани за фановите на Манчестер сити.

Легендарниот стадион кој е дом на Кралевите најмногу гледачи на трибините во историјата имал во далечната 1956 година кога имало 129.690 гледачи на дуел против Милан.

- Оглас -

Најнови вести