Растодер верува во Македонија: „Еден меч – сè е можно“

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе патува во Копенхаген на мечот против Данска од квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Напаѓачот Елмин Растодер игра во голгетерска форма за Тун, па од него се очекуваат голови и во вторник на баражот против Данците.

„Имаме нов селектор и тоа е дополнителна мотивација за нас. Македонија е одлична екипа, се игра само еден натпревар и сè е можно. Се работи за менталитетот. Мора да бидеме подготвени, квалитет имаме. Ова ќе биде најзначајниот натпревар во мојата кариера. За ваков натпревар не ни е потребна мотивација, за многумина од нас ова е најважниот натпревар во нашите кариери“, рече репрезентативецот Елмин Растодер.

- Оглас -

Најнови вести