Раул Гарсија го продолжи договорот со Билбао, може да го урне рекордот на Зубизарета и Хоакин

Искусниот Раул Гарсија го продолжи договорот со Атлетик Билбао за уште една сезона, а тоа значи дека има шанса да стане фудбалер со најмногу настапи во историјата на шпанското првенство.

Актуелниот рекорд го делат Хоакин Санчес кој се повлече неодамна, и некогашниот голман Андони Зубизарета. На Раул му требаат 34 меча за да ги надмине, а во претходните четири сезони, тој секогаш играше на барем 34 натпревари.

Гарсија кариерата ја почна во Осасуна, а има играно уште само за Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести