Разиграните „лавови“ си поиграа со Монако

Лион лесно триумфираше против Монако со 3-0. Ако некогаш дуел меѓу овие две екипи значеше дерби, вечерва не наликуваше на тоа.

Домаќините уште во почетните шест минути стигнаа до предност, Оуар најбрзо реагираше пред голот на гостите. Капитенот Фекир зголеми на 2-0 во 34-тата минута, а конечниот резултат го постави Менди во 59-тата минута од мечот.

Головин заработи директен црвен картон по почетокот на вториот дел, па за „кнезовите“ беше невозможно да се избегне пораз.

Лион со 31 бода е на третото место во Лига 1, Монако останува во црвената зона, запишувајќи го десеттиот пораз сезонава по 17 одиграни натпревари.

 

https://www.dailymotion.com/video/x6z28xl

 

- Оглас -

Најнови вести