Разумната страна на скандалот во Париз: Не би се навредил ако некој ме нарече црнец

Мика Ричардс, поранешниот дефанзивец на Манчестер сити, моментално работи како аналитичар за Лигата на шампионите, па и тој застана во редот да го прокоментира инцидентот во Париз.

Според него, тренерот Вебо и Демба Ба претераа со реакцијата околу наводната навреда на расна основа од страна на четвртиот судија, по што мечот на „Паркот на принцовите“ се прекина.

„Прво и основно не можеме да утврдиме во кој контекст судијата кажа „црнец“. Како што разбрав, на романски јазик „црнец“ се изговара „негру“, така што не би знаеле што точно кажа судијата и дали имаше намера да навреди на расна основа. Кога јас би се нашол во таква ситуација, некој да ми каже дека сум „црнец“, не би се навредил. Ми се чини дека реакциите на Вебо и Демба се претерани, но треба да го почекаме целосниот извештај од натпреварот за да се утврди за што стнувало збор“, истакна Ричардс.

Инаку овој коментар доаѓа од црномурен човек, кој не зазеде став по инцидентот, туку со свое разумно видување се обиде да ја смири ситуацијата.

Натпреварот ПСЖ – Башакшехир ќе се доигра вечерва, со почеток во 18:55 часот, со доигрување на преостанатите минути, но и со нова судиска четврока.

- Оглас -

Најнови вести