Да го гледавте само Карло Анчелоти во моментот кога Џуд Белингам даде гол за победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Барселона, ни на крај памет не би помислиле дека паднал гол и тоа решавачки во 92-ра минута.
Искусниот Анчелоти многупати во кариерата гледал како Реал дава важни голови и ретко кога отворено се радува со покажување на емоции, па и овојпат беше така, радоста си ја задржа во себе.
Додека другите од Реал скокаа и се радуваа, Анчелоти само мирно шеташе во својот простор пред клупата, како да не се случило ништо.
https://twitter.com/i/status/1718303440516837845