Реал без Азар за клучниот меч во ЛШ, но се враќа најдобриот стрелец

По пауза од речиси еден месец, во редовите на Реал Мадрид се враќа Карим Бензема. Францускиот напаѓач закрепна по повредата и треба да е во стартниот состав за утрешниот меч против Шахтар Донецк во групната фаза од Лигата на шампионите.

Бензема нема играно од 8 ноември и неговото враќање е повеќе од потребно, посебно ако се знае дека на последниот меч против Алавес повторно се повреди Еден Азар. Белгискиот репрезентативец нема да игра против Шахтар, но тоа и не треба да е некој поголем проблем за Реал затоа што Азар откако дојде во Реал пред една и пол година, повеќе е повреден и паузира отколку што е на теренот.

Реал на свој терен загуби од Шахтар во првото коло од ЛШ, но потоа собра седум бода од следните три меча и сега е во поволна ситуација за влез во нокаут-фазата. Сепак, за да не ги закомплицира работите, Реал нема да смее да загуби на утрешното гостување во Украина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести