Типувањето за 19-тото коло сезонава на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, трае до утре во 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па ако уште не сте прогнозирале, ви остануваат уште 24 часа за да се приклучите и да бидете потенцијален добитник на подароци.
Според процентите на мнозинството играчи на Спортската прогноза, јасни фаворити за овој викенд им се Борусија Дортмунд, Хофенхајм, Торино, Челзи, Реал Мадрид, Холштајн Кил и Астон вила, екипи за чии победи типувале над 60 проценти од играчите кои досега се изјасниле.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Во минатото коло имаше четири 11-ки, можеби овојпат колото ќе биде уште поуспешно за прогнозерите.