Реал добива конкуренција од Островот за потписот на Халанд

Реал Мадрид неодамна ги обелодени своите намери да го ангажира Ерлинг Халанд идното лето. Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд продолжи во извонредна форма и во актуелната сезона, па затоа и не е изненадување што Кралевите го посакуваат како нов галактико.

Сепак, од Англија стигнаа вести дека Реал ќе има конкуренција за потписот на Халанд, и тоа од Челзи. Иако Сините изминатото лето потрошија повеќе од 250 милиони евра на засилувања, меѓу кои пристигна и германскиот голгетер Тимо Вернер, Френк Лампард сака уште еден напаѓач за да ја подобри ефикасноста на екипата.

Откупната клаузула на Халанд е 75 милиони евра, што е прифатлива сума и за Реал и за Челзи, па ќе остане на Халанд да бира каде ќе ја продолжи сезоната. Дортмунд тешко дека ќе успее да го задржи на подолг период, па затоа Норвежанецот ќе биде еден од најатрактивните трансфери во летото 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести