Реал е главен во Шпанија: Се промени целиот распоред на Ла Лига пред дуелот со Баерн Минхен

Пласманот на Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите направи големи промени во календарот на Ла Лига, и тоа по барање на Кралскиот клуб. Првиот натпревар во Минхен се игра на 30 април, па затоа од Реал Мадрид бараа нивниот натпревар од Ла Лига наместо на 27 април, да се одигра ден порано за да добијат дополнителни 24 часа за подготовка пред мечот со Баер Минхен.

Нивното барање експресно беше прифатено, па дуелот против Реал Сосиедад ќе го одиграат во петок, на 26 април во 21 часот. Тоа значи и поместување на дуелот кој беше планиран за петокот, оној помеѓу Алмерија и Хетафе, кој сега ќе се одигра следниот ден, на 27 април во 16:15 часот.

Ваквата одлука донесе незадоволство во редовите на Барселона бидејќи нивниот натпревар против Валенсија сега ќе се игра во понеделник, на 29 април во 21 часот, термин кој важи за најнепопуларен во Шпанија.

Што се однесува до Баерн Минхен, тие својот меч од Бундеслигата против Ајнтрахт Франкфурт ќе го одиграат во сабота, на 27 април во 15:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести