Во двата најважни натпревари за само неколку дена, Реал Мадрид ја покажа својата величина и со сигурни 2-0 го доби градското дерби против Атлетико. Зинедин Зидан повторно успеа да го надмудри Чоло Симеоне, нанесувајќи го првиот овосезонски пораз на Јорганџиите во Ла Лига по 11 кола.
Домаќините во мечот влегоа со многу самодоверба и поголема желба за надигрување, па во фуризоните 15 минути Реал имаше две убави шанси за гол, меѓутоа дирекот беше сојузник на Облак. Сепак, при првиот корнер Крос центрираше прекрасно, а Каземиро беше највисок во скокот и заби за 1-0.
Кралевите продолжија да диригираат и во остатокот од средбата, со се чекаше заверка на трите бода која ја донесе Карвахал во 63-тата минута. Неговиот феноменален шут од далечина со помош на словенечкиот голман се претвори во втор одлучувачки гол за актуелниот првак на Шпанија.
Реал со победата стигна до третото место на табелата со 23 бода, додека Атлетико и натаму е лидер со 26 бода.