20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Најдобрата одбрана во Шпанија попушти по само 15 минути (видео)

Реал Мадрид сосема заслужено води по првите 15 минути во градското дерби против Атлетико со голот на Каземиро.

Бразилскиот играч за врска беше највисок во скокот по точно изведениот корнер на Крос, па со глава ја совлада најдобрата одбрана во Ла Лига која во претходните 10 натпревари дозволи само два погодоци во својата мрежа.

Моменти претходно Бензема имаше опасен обид кој заврши во дирекот од голот на Облак, како најава дека Кралевите се гладни за нова победа против лутиот ривал.

https://twitter.com/GoalRushh/status/1337854367706324994

- Оглас -

Најнови вести