Реал Мадрид го чека расплетот меѓу Мохамед Салах и Ливерпул, по информацијата во англиските медиуми дека е можно првиот стрелец во Премиерлигата да си замине за сума од 70 милиони евра.
Тоа би се случило ова лето, иако Салах има договор со Ливерпул до идната година и пред еден месец објави дека сигурно ќе игра за Црвените од Енфилд и во сезоната што следи.
Ако се оствари најавата дека Ливерпул е подготвен да го продаде Салах, шпанските медиуми објавија дека веднаш ќе реагира Реал Мадрид.
И што е уште поинтересно во ист преоден рок, овој летниот англискиот гигант би останал без двете главни и ударни игли во нападот, откако Садио Мане се пресели во Баерн Минхен.