Реал Мадрид ја победи АЛБА во Берлин со 84:77 во меч од 19-тото коло во Евролигата и сега е осамен лидер во најквалитетната кошаркарска лига во Европа.
Кралевите ја добија првата четвртина со 25:12, единствена во која имаа позитива, што им беше доволно за 13-тата победа во Евролигата.
Џанан Муса со 15 поени беше најефикасниот кошаркар на гостите, а Козер и Хезоња помогнаа со по 11 поени.
Смит од АЛБА беше најефикасен на мечот со 22 поени, но тоа не беше доволно за подвиг на германскиот тим.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1613639090087538688?s=20&t=LBvlITzfaESKhFDeGQN66g
Важна победа на гости забележа Олимпијакос против Виртус во Болоња со 85:83, а претходно Фенербахче го надигра Баерн со 79:71 и Црвена ѕвезда го декласира Монако со 92:68.