Реал го доби и кошаркарското Ел Класико, завршницата беше шокантна и луда (Видео)

Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид за првпат откако си замина плејмејкерот Факундо Кампацо, успеа да ја победи Барселона, и тоа го стори вечерва во Каталонија со 87-85. Дербито беше со хичкоковска завршница каква што може да понуди само кошарката.

На 10 секунди до крајот, Никола Миротиќ погоди тројка за водство на Барса од 85-84, и тоа беше голема радост за домашните кои на 46 секунди до крајот губеа со девет поени разлика. Но, збунетиот Реал сепак успеа да победи, благодарение на кошот на Николас Лапровитола кој го погоди и дополнителното слободно фрлање на 4 секунди до крајот.

Пау Гасол има два порази откако се врати на паркетот. Ветеранот одигра 9 минути против Реал, и не даде кош, а во тие девет минути, Кралскиот клуб направи 18 поени разлика.

Погледнете ја лудата завршница на кошаркарското Ел Класико:

- Оглас -

Најнови вести