Реал го потврди првото летно засилување, доаѓа од тимот на Борнмут

Реал Мадрид потпиша договор со Дин Хујсен од Борнмут. Младиот 20-годишен дефанзивец официјално ќе стане нов играч на Кралскиот клуб на 1 јули.

Според договореното, Реал за предвремен раскин на договорот на Хујсен со Борнмут, на англискиот премиерлигаш ќе му исплати 60 милиони евра. Плаќањето ќе се врши во три рати.

Хујсен е роден во Холандија во семејство од оваа земја. Кога тој имал пет години, семејството се преселило во Шпанија. Талентираниот дефанзивец ги имаше поминато сите младински репрезентативни категории во холандската репрезентација, но кога дојде време да дебитира за сениорскиот состав и да го одбере својот „спортски пасош“, реши да заигра за У21 селекцијата на Шпанија, а потоа да дебитира и за сениорскиот состав.

Интересно е дека Хујсен беше играч на Јувентус, кој потоа беше даден и на позајмица во Рома. Минатото лето, Јувентус реши да го продаде Хујсен и младиот дефанзивец за 15 милиони евра потпиша за Борнмут. Само една година подоцна, Борнмут ќе заработи ќе заработи три пати повеќе од тоа што даде за Хујсен пред само 12 месеци.

Преку своите социјални мрежи, од Реал се пофалија со својот нов фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести