Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е подготвен да го продаде Аурелиен Чуамени во Премиер лигата. Тој оваа сезона често игра и на позицијата централен дефанзивец, иако е фудбалер за врска, а беше еден од најслабите на последното Ел Класико, на кое Кралевите доживеаја убедлив пораз од Барселона (2-5) губејќи ја битката за трофејот во Суперкупот на Шпанија.
„Ако Чуамени сака да замине, ќе преговараме“, изјави Флорентино Перез за „Дефенса Централ“, во услови кога за фудбалерот има интерес од Манчестер сити и од Ливерпул.
Шпекулациите за иднината на Чуамени не стивнуваат. Реал Мадрид, кој за францускиот играч од средниот ред плати 80 милиони евра, верува дека би можел да ја поврати или дури да ја надмине таа сума доколку дојде до продажба. Крајната одлука ќе зависи од желбите на Чуамени, но и од плановите на Флорентино Перез и на Карло Анчелоти.