Реал и Барса сакаат да си го заштитат брендот Ел Класико, Ла Лига намириса златна кокошка и бара да им биде партнер

Реал Мадрид и Барселона сакаат да си го заштитат најпознатиот спортски бренд на светот, популарното Ел Класико, и да го користат во комерцијални цели на територијата на Шпанија, Европската Унија, Бразил, Мексико, Сингапур…

Фудбалските натпревари меѓу Реал и Барселона наречени Ел Класико се највозбудливиот и најпознатиот спортски настан на светот и двата шпански гиганти веруваат дека како заштитен бренд можат да го користат за комерцијални цели и дека сигурно ќе им донесе голем профит.

Но, тука сака да се вмеша Ла Лига, чие раководство смета дека и ситемот на шпанската лига има заслуги во растот и популарноста на Ел Класико, па сака да им биде партнер на Реал и Барса.

 

 

- Оглас -

Најнови вести