Бразилскиот интернационалец Ендрик летото 2024 година пристигна во Реал Мадрид како голема ѕвезда од Палмеираш за сума од 47,5 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
Оваа сезона само двапати влезе во игра, по еднаш во Ла Лига и во Лигата на шампионите и вкупно на тревникот мина само 22 минути, па јасно беше дека тој ќе мора да го напушти „Сантијаго Бернабе“.
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид и Лион ги договориле сите детали околу позајмицата на Ендрик, а Бразилецот уште во јануари ќе се пресели во Лига 1. Таму ќе мине најмалку една полусезона, а Лион ќе има опција налето да одлучи дали ќе ја продолжи позајмицата за уште една сезона или комплетно ќе го откупи неговиот договор.
Вредноста на Ендрик во моментов е 25 милиони евра, иако кога пристигна во Мадрид вредеше 60 милиони евра.

