Тренерите Карло Анчелоти од Реал Мадрид и Маурисио Покетино од Пари Сен Жермен немаа дилеми кои фудбалери да ги стават во почетните 11 откако дознаа дека Тони Крос и Килијан Мбапе се целосно зазадравени и може да играат на вечерашниот реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Крос паузираше одреден период, завчера почна да тренира и доби предност пред Камавинга, кој одигра добро викендов. За Реал проблем е неиграњето на суспендираниот Касемиро, па на негово место во средниот ред е Валверде, додека како лев бек ќе биде Алаба, како опција за суспендираниот Менди.
Во ПСЖ завчера се исплашија дека Мбапе, кој доби удар на тренинг, можеби и нема да угра во Мадрид, но Французинот нема повреда и ќе се појави како стартер на стадионот на кој веројатно ќе добие овации бидејќи фановите на Реал очекуваат тој во следната сезона да го носи дресот на Кралскиот клуб од Мадрид.
Овојпат меѓу стартерите на ПСЖ е и Нејмар, кој на првата средба во Париз беше резерва.