Фудбалерот на Баерн Минхен и на канадската репрезентација, Алфонсо Дејвис, налето би можело да си замине од „Алијанц арената“ бидејќи сериозен интерес за него пројавуваат Реал Мадрид и Манчестер сити.
Менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, сака да ја засили левата бековска позиција за следната сезона бидејќи Нејтан Аке е единствен вистински лев бек сезонава и изборот паднал на Дејвис.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1648009140302651403?s=20
Според Трансфермаркт, вредноста на Дејвис изнесува 70 милиони евра, но се очекува Баерн да бара најмалку десетина милиони повеќе.
Освен Сити, сериозен интерес за Алфонсо Дејвис пројавува и Реал Мадрид, кој е во предност пред Граѓаните бидејќи има одлични односи со управата на Баерн.
Алфонсо Дејвис во дресот на Баерн Минхен одигра 151 натпревар и постигна осум гола, а има и 25 асистенции.